Земјата со повеќе идентитети – мистериозниот Перу


Мистериозен, живописен, обоен со разновидни бои, простран како пустина и длабок како неговите непрегледни кањони – тоа е Перу, земјата со повеќе идентитети.

JBbN6-luksuz-putovanja-peru-01-8-

Постете ја Лима, неговиот главен град, Куско, престолнината на Инките, Мачу Пикчу, вечната тајна и нереалните пејзажи на оваа преубава земја. Дознајте како древните Инки живееле во хармонија со реките, сонцето, дождот, океанот, џунглата, перуанските планини и ладните Анди, како се прилагодувале на времето и околината.

Дел од древните Инки и понатаму живеат во секој град и можете да ги препознаете благодарејќи на нивните обичаи. Патувањето во Перу Ве враќа низ времето и Ви овозможува повторно да го откриете возбудливиот живот на Инките, како и нивните големи уметнички дела, празници, корени и енергија.

Доживејте го Перу така што ќе го откриете богатството на различни светови, со интригантни пејзажи, звуци, бои и вкусови. Многу дестинации и искуства како што се крајбрежјата на Перу и планините можат да се доживеат само доколку ги посетите и погледнете во живо.

Современи и големи, градовите на Перу подеднакво го воодушевуваат локалното население и туристите со разновидните понуди за забави, уметности, дизајн, музика како и со една од најбогатата и најпрестижната кујна на светот.

Перу ќе Ве поздрави со насмевка, многу забава и многу вкусови. Главниот град е модерен и убав пример за современата страна на Перу, со светска класа на гастрономија која е признаена како една од 12 најубави кујни на планетата.

Влијанието на Перу може да се забележи и во западните, источно азиските и афрички земји. Пустините, шумите, Амазон, морето, флората сето тоа го претставува Перу кој чека да го истражите.


Skopje ID
[fbcomments]