,,Здравје во твои раце” – настан на кој велосипедите ќе го имаат главниот збор

,,Ова е одлична иницијатива на ,,Здравје Радово, кои заедно со нас и ,,НаТочак ќе допринесат за поздрави генерации, рекреирајќи се на велосипед, стекнувајќи навика за консумација на јогурт и уживајќи во благодетите на овој спорт во комбинација со здравиот напиток.” изјавија од здружението ,,Единствена Македонија

 

Скопје (25.06.2015) Во недела, 28-ми јуни, на Кеј, во близина на мостот кај Александар Палас, во 18 часот,  ќе се одржи настан кој ќе ги обедини сите поборници за здрав живот, вљубеници во велосипедите, како и зависници од адреналин и здрави навики.

,,Здравје во твои раце” е неколку часовно дружење на сите велосипедисти, рекреативци и сите оние кои имаат желба за спортување и здрав начин на живеење. Возење велосипеди, обука за правилно управување на велосипедот за најмалите но и за оние кои имаат желба да научат.

,,Ова е одлична иницијатива на ,,Здравје Радово, кои заедно со нас и ,,НаТочак ќе придонесат за поздрави генерации, рекреирајќи се на велосипед, стекнувајќи навика за консумација на јогурт и уживајќи во благодетите на овој спорт во комбинација со здравиот напиток. Веруваме дека енергијата и здравиот начин на живот е извор на  поздрава нација, така што ова е одличен чекор кој на најдобар начин го промовира она за што ние се залагаме.”изјавија од здружението Единствена Македонија

,,НаТочак”, здружението ,,Единствена Македонија” и ,,Здравје Радово” се главните виновници и поборници за оваа иницијатива за здрави велосипедисти да успее и да премине во традиција која ќе им покаже на најмладите дека возењето велосипед и консумацијата на јогурт се здрави навики кои значат многу уште од најрана возраст. На самиот настан ќе се случува и акцијата “Велодарност”, во која ќе бидат донирани велосипеди за најмалите од социјално загрозени семејства.

Во недела, 28-ми јуни, во 18 часот, на Кеј кај Александар Палас ќе се случува вистински празник за вљубениците во велосипедизмот, на кој велосипедите ќе го имаат главниот збор.

_ Kriticna-masa


SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]
Translate »