Запознајте го новиот Dell Alienware Aurora: Моќна машина за врвни гејмери


Новиот Alienware Aurora пристигнува со најдобриот 8-јадрен процесор на Intel од 9-та генерација – „К“ серија (i5, i7 и i9).

Bsxdy-del-ejlienver-aurora-nova-generacija-procesor

Од лабораториите на Alienware пристигна најновата надградба – Alienware Aurora, моќна машина која што е наменета за гејмери кои што имаат повеќе од стандардно гејмерско искуство.

Новиот Alienware Aurora пристигнува со најнапредната генерација на процесори на Intel, револуционерен систем на ладење, наменски обликувано куќиште кое што одржува нормална температура при работа и најнапредните графички картички – сето ова нуди неповторливо гејминг искуство во 4К резолуција.

Покрај Aurora, од Alienware го претставија и новиот Alienware Command Center кој што на корисникот му овозможува ултимативна персонализација на своите игри и стилот на игра, од контролите, па се до осветлувањето на тастатурата, слушалките и микрофонот.

Покрај тоа, овозможена е и персонализација на најновиот интерефејс кој што Intel го надогради со Solder Thermal Interface Material (STIM) кој што овозможува неверојатна прегледност, додека пак опцијата Gaming Library овозможува прилагодувања на овие поставки на секоја поединечна игра.

Сепак, мора да се спомене дека оваа машина не е наменета само за гејмери, па одлично ќе им дојде и на програмерите, како и на дизајнерите.

Со новите процесори на Intel изработката на видеа, монтажата, креирањето на содржини се драстично забрзани. Intel Quick Sync Video овозможува забрзување на хардверот, а Intel Optane меморијата памети кои апликации се најчесто користени и го забрзува нивниот аплоад и користењето со забрзување на рендерирањето.


Skopje ID
[fbcomments]