Заостанати сметки за вода и смет без камата може да се платат до 28 јуни

Јавните претпријатија Водовод и канализација – Скопје и Комунална хигиена – Скопје ги потсетуваат граѓаните на Град Скопје дека акцијата за плаќање на заостанатите сметки за смет и вода без камата трае до 28 јуни.

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална хигиена – Скопје ги известуваат корисниците кои што имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање се до 28 јуни. Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »