ЕУ воведува ист полнач за мобилните телефони


ЕУ ја разгледува можноста за воведување на ист полнач за мобилните телефони речиси една деценија, откако е забележано дека во Европската унија постои 51.000 тони електричен отпад кој потекнува од старите полначи.

polnacmob333

Исто така, корисниците на „iPhone“ и „Android“ уредите често се жалат поради тоа што користат различни полначи, пишува „Euractiv“.

Како одговор на пристисоците врз ЕУ, 14 компании, вклучувајќи ги „Apple“, „Samsung“, „Nokiа“ и „Huawei“, потпишаа доброволен Меморандум за разбирање (MoU) во 2009-та година, со желба да ги хармонизираат своите модели на паметни телефони, кои требаше да се појават на пазарот во 2011-та година.

Откако „MoU“ истече во 2012-та година, одредени компании пишуваа писма за своите намери во 2013-та и 2014-та година.

Сепак од ЕУ велат дека не се задоволни од статусот кво.

„Со оглед на незадоволнителниот напредок во овој доброволен договор, Комисијата наскоро ќе започне студија за проценување на влијанието со цел да се проценат трошоците и придобивките до различните други опции“, вели комесарката за зашита од конкуренција, Маргарет Вастергер во одговорот од 1-ви август на прашањето од пратениците од Европскиот парламент.


Skopje ID
[fbcomments]