Електрични автобуси ќе се возат низ скопските улици


Приватните превозници ќе добијат од Град Скопје субвенции за да инсталираат уреди на гас и да набават нови автобуси кои ги задоволуваат Еуро 5 и Еуро 6 стандарди, а за ЈСП ќе се купуваат зглобни електрични автобуси.

ebus

Овие мерки се предвидени со програмата за заштита на животната средина на Град Скопје за 2018 година. Во буџетот предвидени се 2,3 милиони евра, за приватните превозници обезбедени 325.000 евра за субвенции, а за купување електрични автобуси предвидени се 1,6 милиони евра, а околу 325.000 евра се предвидени и за субвенционирање на јавното претпријатие за бесплатен автобуски превоз во денови на алармантно загадување на воздухот.

Во тек се подготовките за изработка на техничката документација со која ќе се специфицираат постапките за набавка и преадаптација на еко автобуси.

Во 2016 година тогашната влада и раководство на град Скопје имаа предвидено набавка на 20 нови автобуси на електричен погон кои помалку би загадувале без емисии на ЦО2, како и на 30 минибуси наменети за помалку френкфентни но, секако неопходни градски линии исто така со електричен погон.

Со електричните автобуси покрај тоа што ќе се намали загадувањето, ќе се намали и потрошувачката на гориво на ЈСП.Изминативе три дена како резултат на континуирано екстремно загадување воведен е бесплатен градски автобуски превоз за граѓаните, но тие не ја користат мерката во целост и продолжуваат со вообичаените превозни навики.


Skopje ID
[fbcomments]