Единствена iOS Академија за програмирање на iOS апликации во организација на Семос Едукација и CodeWell

Првата генерација од 15 студенти на единствената iOS академија во Македонија која два пати годишно се организира од страна на Семос Едукација и Codewell, веќе започнаа проекти каде што работат на развој на iOS апликации.  

iOS Академија за програмирање е наменета за лица кои сакаат да навлезат во областа на iOS програмирањето и да станат iOS програмери. Со помош на оваа програма сите слушатели ќе бидат воведени во концептот, ресурсите, алатките и сервисите кои го сочинуваат светот на iOS девелоперот.

Преку 17 неделната Академија која стартува од 25ти Февруари учесниците ќе научат да програмираат преку работа на реални продукти, ќе изработат мобилни апликации кои ќе служат како референца за нивното идно вработување и ќе ја лансираат својата нова кариера како програмери или ќе се унапредат во постоечките знаења. Учесниците самостојно ќе смислуваат иновативни решенија, а во исто време ќе бидат носители на процесот на градење комплетна и функционална iOS мобилна апликација.

„Во последниве години, програмирањето е меѓу најбараните професии во ИТ индустријата. Ние ја согледавме огромната побарувачка од кадар на iOS програмери, па оттука дојде идејата за создавање на iOS Академијата во соработка со CodeWell, една од првите компании кај нас специјализирана за изработка и развој на мобилни апликации. Веруваме дека здружената експертиза и заедничкиот тим поставија уникатна програма на која целта е да создаде квалитетни програмери кои ќе бидат веднаш апсорбирани од Codewell или од IT компаниите кои се партнери на академијата “ – изјави  Цеко Тодоровски, раководител на оддел во Семос Едукација.

По завршувањето на академијата, студентите ќе бидат подготвени да изработат целосно функционална iOS апликација како Chat app, Instagram/Tinder, клон на апликација која е веќе присутна на пазарот со напредни Frameworks и APIs или сопствена апликација со напредни функционалности.  Огромното практичното знаење стекнато од академијата ќе можат да го искористат за да започнат успешна кариера, ќе добијат шанса за пракса или вработување во Codewell или во некоја од реномираните IT компании кои се партнери на академијата.

Предавачите на iOS академијата се признаени професионалци со долгогодишно искуство во програмирање и работа со комплексни системи од разни области во Македонија и странство. Главен инструктор на академијата e Мартин Анчевски, еден од основачите на компанијата CodeWell и главниот технички експерт заслужен за спроведување на многу успешни проекти. Неговото искуство и знаење го прават еден од најдобрите ментори на овие простори. Заедно со Мартин, тука ќе бидат и менторите Дени и Иван кои ќе се погрижат да ги одговорат сите ваши прашања и да ви помогнат во решавањето на задачите и градењето на апликациите. Дени е лидер на iOS тимот во CodeWell и поседува големи знаења и менторско искуство, како и Иван кој е senior iOS developer во CodeWell.

За потребите на оваа академија е обезбедена целосно опремена лабораторија со IOS development workstations со чија помош слушателите ќе работат на проектите. Предавањата се изведуваат на модерен и интерактивен начин, користејќи модерни информатички технологии, преку индивидуална и групна работа, практично менторство, како и интерактивни консултации во текот на часовите.

Уписите за новата група на iOS Академијата се во тек, со специјална понуда до 20ти февруари. Повеќе информации за iOS програмата и начинот на аплицирање можете да прочитате на официјалната веб-страница на Семос Едукација.  


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »