ЕВН и МЕПСО си ја префрлаат топката, аеродромци бараат струја


На мрежата на МЕПСО немало безнапонска состојба, велат од Операторот на електропреносниот систем на Македонија за Република.

fener-520x293

Поголем дел од општина Аеродром, односно населбите Лисиче, Ново Лисиче, 13 Ноември, Јане Сандански, денеска останаа без струја повеќе од час и половина, а од ЕВН велат дека вината не е кај нив и за проблемот не упати да се обратиме во МЕПСО.

-Трафостаница Скопје 4 не се снабдува со струја. Причината побарајте ја во МЕПСО. Ние правиме обиди да им обезбедиме електрична енергија на домакинствата, приклучувајќи ги на други трафостаници, додека да се реши проблемот со Трафостаница Скопје 4 – велат од ЕВН.

 


Skopje ID
[fbcomments]