Дуел на титаните: M5 Competition vs. AMG E63 S


Дали е ова “drag” трката на годината? Екипата на “Carwow” се погрижи околу одговорот на прашањето, кој е побрз автомобил, адутот на БМВ или Мерцедес?

TFv3B-trka-bemve-mercedes

Мет Вотсон и екипата која што стои зад ЈуТјуб каналот “Carwow” ни приредија уште една автомобилска пресметка за паметење. Сега еден против друг се најдоа двата суперседани на големите германски ривали – BMW M5 Competition и Mercedes-AMG E63 S.

Баварскиот адут под хаубата има 4,4-литарски твин-турбо V8 агрегат кој што развива 625 коњски сили и 750 Nm максимален обртен момент, додека пак ѕверот од Штутгарт може да се пофали со 4,0-литарскиот битурбо мотор со 612 коњски сили и 850 Nm максимален обртен момент.

И двата автомобили поседуваат погон на сите четири тркала и автоматски менувач. Екипата на “Carwow” изврши три теста. Трка на 404 метри од мирување, потоа трка со „летечки старт“, како и тест на сопирање.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »