Дубаи го доби својот прв пловечки супермаркет


Дубаи е посебен по многу нешта, но неговите знаменитости воглавно се наоѓаат на цврсто тло. Меѓутоа, тоа сега се промени.

vwoVd-na06-carrefour1

Францускиот трговски ланец “Carrefour” во Дубаи го претстави својот прв пловечки супермаркет кој е направен на платформа, усидрена на море. Овој супермаркет ќе ги услужува клиентите кои уживаат на јахтите или оние кои возат џет-ски, но исто така ќе можат да го користат и капачите на плажите Кајт и Џумераја.

Оние кои поседуваат пловила ќе можат да пријдат и да го нарачаат она што го сакаат, а потоа да ги почекаат своите производи, додека оние кои користат поголеми пловила или се наоѓаат на плажата, ќе имаат можност телефонски да направат нарачка која подоцна ќе им биде доставена. Исто така, на располагање им стои и апликацијата “Aqua Pod”.

Супермаркетот нуди повеќе од 300 различни производи, вклучувајќи топла и ладна храна и пијалаци, но и производи за лична нега.

Пловечкиот супермаркет го дизајнирал “Aquatic Architects Design” од Дубаи со фокус на екологијата. Енергијата за работа и движење на пловечкиот супермаркет ја овозможуваат батерии кои можат да се полнат, а супермаркетот поседува и систем кој го собира отпадот од водата.


Skopje ID
[fbcomments]