Дрита Ислами со најслабо време на 400 метри со пречки на ЕП

Македонската атлетичарка, Дрита Ислами имаше очаен настап на Европското првенство во Берлин откако со убедливо најлош резултат го освои последното место во трката на 400 метри со пречки.

Дрита Ислами со најслаб резултат беше и пријавена, но трчаше и многу полошо од тоа. Нејзиното време беше 1:02.23 и беше единствената атлетичарка која патеката ја мина за повеќе од една минута.
Утре на Европското првенство во Берлин ќе се натпреварува нашиот втор претставник Дарио Ивановски во квалификациите на 1.500 метри.


Skopje ID
[fbcomments]