Документарниот филм за Лејди Гага излегува следниот месец


Документарецот на „Нетфликс“ за Лејди Гага ќе има светска премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто следниот месец.

lady-gaga

„Gaga: Five Foot Two“ ќе дебитира на канадскиот фестивал на 8 септември во театарот „Принцезата од Велс“ и ќе биде проследен со изведба на пејачката, пренесоа американските медиуми.

Филмот е во режија на Крис Мукербел и ја прикажува ѕвездата за период од осум месеци кога го снима и издава нејзиниот албум „Џоан“ во 2016 година.

„Филмот на Мукербел нуди досега невиден поглед на Лејди Гага во целосен креативен режим: идеи, емоции, целосната работа која е потребна за да го прави, она што го прави“, велат критичарите.


Skopje ID

Коментирај