Дознајте дали луѓето околу вас ви ја крадат енергијата и како да се заштитите


Mожеби звучи смешно или бизарно, но тoa се енергетски вампири. Затоа што тие тоа буквално и го прават: се хранат со туѓа енергија. Исцрпуваат и заморуваат, бидејќи ја преземаат енергијата од луѓето со кои разговараат.

lop

Веројатно се прашувате зошто тие го прават тоа? Бидејќи тие се празни од внатре. Тие немаат храброст да се соочат самите со себе и да ги решат своите проблеми, да се справат со својот живот, па се хранат со другите луѓе.

Својата празнина се обидуваат да ја пополнат однадвор и затоа никогаш не можете да докажете и да објасните што прават – тие се како бездната. Тие луѓе длабоко во себе си се несреќни и уплашени. Огромното мнозинство, енергијата ја крадат несвесно.

Без оглед на тоа дали тие го прават тоа свесно или не, резултатот е ист – ве исцрпуваат и тие го прават тоа цело време. Токму кога мислите дека се смениле, тие тргнуваат од почеток.

Поентата е дека додека самите не разберат што мора да променат во себе, нема да го променат својот начин на однесување. Сами! Значи, вие не можете да им помогнете. Откажете се од планот, бидејќи повторно ќе се доведете во иста ситуација.

Како да се одбраните од “кражбата” на вашата енергија?

На кој начин можете да ја спречите таквата ситуација? За почеток, ќе мора да сфатите дека за никого не сте обврзани да направите нешто. А најмалку енергија, па дури и ако се работи за членовите на семејството или пријателите.

Замислете дека некој ви ја пие крвта преку сламка. Дали би ја дале, ако знаете дека тоа лице има доволно од својата крв, и тоа го прави само затоа што тоа сте им го дозволите? Верувајте, ако на тоа лице не му дозволите да ви ја краде енергијата, ништо нема да се случи.

Тој нема да умре. Само ќе оди да ја бара следната жртва. Впрочем, со тоа што ќе дозволите таков однос вие го оневозможувате тоа лице да се развие и да ги побара причините за своето однесување во себе. Одржувате статус кво, кој е и полош за вас и за неа.

Значи, на прво место е намерата. Намерата многу се чувствува меѓу луѓето, дури и кога тие не користат зборови за да ја соопштат. За да спречите кражба на енергија, мора да бидете решени во намерата тоа да го и направите. Не се срамете затоа што нема зошто да се срамите. Повторувам, не должите никому ништо.

Откако сте се одлучиле да ставите крај на исцрпувањето и на исцрпувачкото лице кое ве заморува, направете нешто од следново (сите се ефикасни, ќе видите која ви одговара): Прекрстете ги рацете и нозете (ако сте седнати, се разбира).

Луѓето кои се занимаваат со јазикот на телото, таквото држење на телото го нарекуваат одбранбен став. Со добра причина: со тоа се дистанцирате од вашиот соговорник, а не само навидум, туку, исто така и на енергетско ниво. Ставете ја вашата десна дланка над вашиот папок, а преку неа левата. Со тоа го блокирате крадењето на енергија.

Визуелизирајте стаклено ѕвоно околу себеси. Без оглед на тоа дали некој седи блиску до вас или не, замислете се во внатрешноста на стакленото ѕвоно кое ве штити.

Едно нешто е речиси неверојатно: Откако еднаш тоа ќе го направите, ќе се изненадите колку брзо лицето кое ја краде вашата енергијата ќе најде изговор да се тргне. Веднаш штом ќе почувствува дека повеќе не може да краде енергија, веднаш ќе се тргне!

Не мислете дека треба да бидете љубезни и од било која причина да го продолжите разговорот: или замолчете, или само одговарајте што е можно пократко. Направете една од горенаведените техники и само насмевнувајте и климнете со главата. Штом ќе видат дека сте се оградиле, веднаш престануваат со комуникација.

Техниките нема да бидат успешни ако во себе не сте одлучиле да ја спречите кражбата на вашата енергија. Ако поради некоја причина мислите дека треба да го продолжите разговорот со таквата личност, таа ќе го почувствува тоа и нема да се тргне.

Исто така, не бидете тажни ако тоа ви се случи тоа со некој кого сте го сметале за посебен пријател, блиско лице. Ако е така, треба да знаете дека односот не бил искрен. Или, можеби бил од вашата, но од другата страна сигурно не е, без оглед на тоа дали тоа лице тоа го правела на свесно ниво или не.

Сега знаете како да го спречите тоа. Следниот пат кога ќе сретнете некој кој ве заморува и исцрпува, знаете зошто тоа се случува. Спречете го и повлечете линија веднаш. Се работи за вашиот живот и за вашата енергија и не сте обврзани никому да му ја дадете.

Дајте им ја на луѓето кои ви ја враќаат, кои тоа го ценат, кој ќе го подобрат својот и вашиот живот и со кои имате затворен круг на искрена и енергетски вистинска врска.

Верувајте му на вашето срце: тоа секогаш ќе ви ја каже вистината и со него никогаш не можете да згрешите.

Изберете добри луѓе и окружувајте се со луѓе кои ве ценат и со кои и вие и тие растете, затоа што тоа сте го заслужиле!


Skopje ID
[fbcomments]