Доделени картите за финалето на FIFA World Cup 2018 Russia


Заврши и вториот циклус од забавната игра на Скопје Сити Мол во која најдобриот учесник освои 2 карти за финалето на FIFA World Cup 2018 Russia. Игнат Богдановски е вториот добитник кој ќе замине во Москва за да го следи во живо финалето на светското првенство. Интерактивната игра е во организација на Скопје Сити Мол во партнерство со Кореа Ауто Трејд – официјалниот дистрибутер за Hyundai на територијата на Македонија и Косово.

2 (2)

Добитникот на 2 карти за финалето во Москва – Игнат Богдановски, ќе патува заедно со добитнкот на 2те карти од првиот циклус – Екрем Далип. Покрај картите за натпреварот, организаторите се погрижија да го обезбедат и сместувањето, како и да ги покријат патните трошоци. Во забавната игра која траеше 3 недели, учествуваа повеќе од 2000 натпреварувачи кои со употреба на фудбалски вештини се обидоа да освојат патување за две лица на финалето од светското првенство или некоја од многуте дополнителни награди.

1 (1)


SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]