Доделени и наградите за најлош стајлинг на Евросонг: ТАМАРА на петтото место!

Годинава наградата Барбара Декс за најлошо облечен изведувач на Евросонг е доделена по 23. пат.
Веднаш по завршувањето на финалната вечер на Евросонг, посетителите на сајтот  Songfestival.be почнале да гласаат за најлошо облечен учесник оваа година.

Во конкуренција влегле двете полуфиналиња и финалето. Во текот на гласањето посетителите посветиле внимание на грдата облека на изведувачите, а не на екстраваганцијата или на настапот. Гласањето траеше една недела, а во тој период пристигнале 4000 гласови.

Непопуларниот трофеј го освои претставникот на Португалија, а второто место ѝ припадна на Тамта од Кипар. Потоа следуваат Зена од Белорусија и Белгиецот Елио Васамие.

Нашата Тамара се најде на петтото место на оваа листа. Гласачите не биле воодушевени од креацијата на Александар Ношпал кој ја избра смарагдно зелената боја за фустанот на нашата претставничка поради симболизацијата на душевниот мир, хармонија, повторно раѓање и надеж. Од нашите претставници Мартин Вучиќ во 2005 година и „Ај кју“ во 2018 година ја добиле титулата најлошо облечен изведувач. Нашата Тамара се најде на петтото место на оваа листа. Гласачите не биле воодушевени од креацијата на Александар Ношпал кој ја избра смарагдно зелената боја за фустанот на нашата претставничка поради симболизацијата на душевниот мир, хармонија, повторно раѓање и надеж. Од нашите претставници Мартин Вучиќ во 2005 година и „Ај кју“ во 2018 година ја добиле титулата најлошо облечен изведувач.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »