ДИК: До 17 часот излезноста е 29 отсто


Излезноста на граѓаните на референдумот до 17 часот е 29 отсто, односно 521 илјадa граѓани го оствариле правото на глас, соопшти  Државната изборна комисија (ДИК).

 

Најголем дел од триесетината приговори кои пристигнале до ДИК се однесувале на граѓани кои ги немало во Избирачкиот список. Сите приговори биле одбиени.

Според невладината МОСТ, излезноста на референдумот до 16 часот била 26 проценти.

Од набљудувачите и од регионалните координатори на МОСТ добиени биле податоци за нерегуларности на две избирачки места. Во општина Чаир 11 лица не се пронашле на Избирачкиот список, а во општина Центар регистрирани биле 12 случаи на групно гласање.

Избирачките места ќе бидат затворени во 19 часот, кога е најавена и следната прес конференција на ДИК.


Skopje ID
[fbcomments]