ДИК: До 10 часот гласале 6,31 отсто од избирачите

До 10 часот од запишаните 1.808.131 граѓанин во Избирачкиот список на гласачките места излегле 6,31 отсто, односно вкупно 99.192 гласачи, информираше ДИК на првата прес-конференција.

Најмногу избирачи гласале во Крива Паланка, 14,91 отсто, во Демир Капија 13,24%, во Кратово 12,46 отсто и во берово 11,06 отсто. 

Најмалку гласачи, пак, излегле во Врапчиште, 1,16 отсто, во Дебар  1,29 отсто и во Боговоиње 1,31 отсто. 

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска на прес-конференцијата соопшти дека гласањето се одвива мирно и непрекинато. 

Што се однесува до гласањето во Дипломатско-конзуларните претставништва на земјава во странство, вчера се гласало на 39 гласачки места на кои од запишани 1.781 гласач со право на глас, гласале 828 лица. 

Во казнено-поправните установи право на глас имале 1.640 гласачи, а од нив избирачкото право го оствариле 74,13 отсто. 

Вчера, како што информираше Гугучевска, се гласало и во два дома за стари лица во кои од запишани 71 гласач, гласале 65, а гласаа и болни и немоќни лица, како и 12 лица во куќен притвор. 


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »