Детскиот фестивал Поточиња го прославува својот 15 годишен јубилеј на 24 и 25 март

Новото издание на детскиот фестивал Поточиња ќе се одржи на 24 и 25 март во Македонската опера и балет и ќе значи прослава на 15 годишниот јубилеј на овој реномиран детски фестивал.

Potocinja.Cover.2018

Организаторот Пап продукција најавува специјално роденденско издание исполнето со нови песнички,прекрасни приказни и специјална роденденска програма.Домаќин на фестивалот ќе биде популарната маскота Поки.

На репертоарот се 6 претстави со почеток од 11:00,13:00 и 19:00 часот.Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарата на МОБ,Југотон и онлине на www.jugoton.mk и се по цена од 200 денари.

Potocinja_Poster_2018

 


Skopje ID
[fbcomments]