Ден на виното или ден на љубовта?

Со вино и подароци во земјава се обнароди католичкиот празник Св Валентајн. Младите лесно ја прифатија традицијата за денот на вљубените. Велат сакаат да посветат внимание на блиските и саканите личности. Дали да се остане верен на традицијата и да му се оддадете почит на Свети Трифун или да му се даде подарок на саканиот во чест на Денот на вљубените, мислењата се поделени.

Поврзана слика

„Бидејќи ние припаѓаме на источната црква природно е кај нас да е Св. Трифун“,„Валентајн е за младите“,

„Нормално е за овој ден наубава девојка дасе купи подарок“, велат анкетираните граѓани.

Но празникот добива и комерцијална димензија. Продавачите тријат раце. Цените за подарок и за прослава во ресторан не се ниски. Граѓаните не сакаат да ја расипат магијата на љубовта, но признаваат дека од се се прави бизнис.

 Денот на вљубените најчесто се поврзува со празникот Св. Валентин иако римокатоличката и православната црква не се согласуваат со тоа. Теолозите пак сметаат дека овој празник е поблиску до пагандската религија и до античкиот римски празник Луперкалија кој инаку ги поддржува развратот и промискуитетот.

Додека многумина сметаат дека ова е модерен празник чија основа е од комерцијална природа, низ годините овој празник доби и емоционален облик, барем за миг да се посвети љубов и внимани. Изборот останува индивидуален.


Skopje ID
[fbcomments]