Делегација од Нирнберг во посета на Скопје

Делегација од германскиот град Нирнберг, кој е збратимен со Град Скопје, денеска ќе престојува во посета на Македонија.

Делегацијата е предводена од заменик градоначалникот на Нирнберг, Кристијан Вогел, а ќе допатува во Скопје со првиот директен лет што редовно ќе се одвива двапати неделно од нискобуџетската авиокомпанија „Визер“.

На аеродромот „Александар Велики“ членовите на делегацијата ќе бидат пречекани од секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски.

Од Град Скопје истакнуваат дека соработката е на високо ниво и оти е најзастапена во областа на културата, образованието, спортот и противпожарната заштита.

Соработката меѓу Скопје и Нирнберг започна во 1963 година по катастрофалниот земјотрес во Скопје, а официјалниот договор за збратимување е потпишан во 1982 година.


SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]
Translate »