Делегатите пристигаат, ВМРО-ДПМНЕ бира кандидат за претседател

Вкупно 551 делегат имаат право на глас на денешната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Струга, каде ќе се избира кандидат за претседател на државата. Во моментов во Домот на културата трае регистрацијата на учесниците, по што околку 12 часот треба да почне и работниот дел. Секој од деветмината кандидати ќе имаат можност за 15-минутен говор пред делегатите, а на крајот на присутните ќе им се обрати претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Гласањето е предвидено за попладневните часови. За да се избере кандидат уште во првиот круг потребно е да добие поддршка од една третина од делегатите, или 184 гласови. Во спротивно ќе има втор круг во кој ќе влезат двајца од кандидатите со најмногу освоени гласови.

Како фаворит во трката се наметнува професорката Гордана Силјановска, а ја следи пратеникот Влатко Ѓорчев.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »