Двокатниот автобус за туристичко разгледување ја смени рутата


Двокатниот автобус за туристичко разгледување на Скопје од 1 март почна да вози и преку Вардар, до повеќе знаменитости од другата страна на градот.

jsp

„Скопје не е само барок. Скопје пред сѐ е мултиетнички град и град на солидарноста, Скопје има историја. Од тие причини решивме да ја прошириме рутата, а сигурно во меѓувреме ќе биде и надградувана. Првпат дел од неа е и Старата чаршијата, Калето, ановите, повеќе џамии, а наскоро планираме на рутата да биде ставен и Аквадуктот“, вели за „Независен весник” Соња Митриновска-Боева, директор на „ЈСП турс“ под чија надлежност е туристичкиот даблдекер. Објаснува дека во креирањето на новата рута учествувале речиси сите чинители на туризмот во главниот град.

На рутата е ставен и Градски стадион и хотелот „Континентал“, а наскоро туристите од автобус ќе можат да го видат и Аквадуктот.

Туристичкото разгледување трае еден час, со најава за зголемување на еден и пол час откако, на пример, дел од рутата ќе стане и Аквадуктот. Почетна и крајна станица останува „Порта Македонија“. Цената на билетот е 150 денари.


Skopje ID
[fbcomments]