Два пресврти, шест погодоци и победа на Челзи!


Неверојатен натпревар денес одиграа Челзи и Вотфорд, а победа запишаа избраниците на Антонио Конте.

chelsea

Фудбалерите на Челзи на свој терен славеа со 4:2. „Сините“ поведа со голот на Педро, но потоа гостите за само неколку минути направија пресврт преку Дакур и Переира, а на крајот Челзи со головите на Батшуаи и Азпиликуета ја врати предноста и успеа да слави.

Во 12 минута, Азар со удар од околу 25 метри го матираше Гомеш, а во финишот од полувремето Вотфорд прво изедначи преку Дакур, за веќе на стартот на вториот дел да постигне нов погодок за целосен пресврт.

Се играше 71 минута кога Батшуаи го искористи нафрлувањето на Педро и со глава погоди за 2:2, а на сличен начин како и при овој погодок Азпиликуета погоди за ново водство на „сините“.

Во финишот Батшуаи ја искористи грешката на одбраната на Вотфорд и ги постави конечните 4:2.


Skopje ID

Коментирај