Дали Фолксваген може да ја сопре Германската економија?

Фолксваген и неговиот скандал со манипулираните вредности на издувните гасови го загрозуваат добриот глас на Германија, предупредуваат експертите. Имиџот на доверливост и добар квалитет во светски рамки е на испит.

0,,18747813_303,00

Автоиндустријата е реклама за германската економија. Сегашниот скандал во Фолксваген фрла лоша светлина врз целата бранша. Политичарите и економистите стравуваат дека ќе настрада и добриот углед на „меид ин Џермани“, имиџот на доверливост и добар квалитет во светски рамки.

Производите со ознака „меид ин Џермани“ се ценети во цел свет. Тоа може повторно да се види на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт. Дали Фолксваген, Мерцедес или Порше: „меид ин Џермани“ речиси секаде во светот е на прво место како синоним за прецизност, иновативност и квалитет.

 

Имиџот на доверливост и добар квалитет на испит

Некогаш беше поинаку. На првите светски саеми во средината на 19 век германските производи се‘уште се сметаа за евтини и малку вредни.

За да биде видно потеклото, Британците во 1887 година воведоа задолжителен жиг: „меид ин Џермани“. Тој требаше да ги одврати потрошувачите од купување германски стоки. Но, потегот не ја постигна целта.

Кратко потоа германските фирми произведуваа стоки со висока вредност. Економското чудо од 50-те години го зголеми угледот на жигот, на пример кај машините или занаетчиството. Во овие бранши Германците наскоро беа подобри од странската конкуренција.

„Меид ин Џермани“ наскоро од Германија направи светски првак во извоз, а средно големите претпријатија станаа светски водечки фирми. По скандалот во Фолксваген, колку уште вреди „меид ин Џермани“?

Матијас Висман, шеф на ФДА, Сојузот на автомобилската индустрија истакнува:

„Не може да се извлече паушален заклучок во однос на вкупната автомобилска индустрија или кон ’меид ин Џермани’. Целата работа не е за потценување. Предизвикува лутина, повеќе е од жално, но тоа не оправдува генерален сомнеж во поглед на целокупната германска автоиндустрија“.

Многу германски фирми се надеваат дека сега нема да настрадаат марката „меид ин Џермани“ и нивниот углед на доверливи производители

Извор: dw.com


SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]
Translate »