Давитков останува селектор на кошаркарите


Јорданчо Давитков ќе остане на кормилото на кошаркарската репрезентација на Македонија, откако Македонската кошаркарска федерација (МКФ), објави дека подготовките за септемврискиот квалификациски прозорец на ФИБА, ќе траат две недели.

jordanco-davitkov555

„Во консултација со новиот правилник на ФИБА и новонастанатите ситуации со правилото на играчи кои играат во клубови и должноста на клубовите да ги ослободат за репрезентативни обврски 72 часа пред почетокот на септемврискиот прозорец од втората рунда на прет квалификациите, раководството на МКФ заедно со актуелниот селектор Јорданчо Давитков дојде до одлука да се продолжи соработката за целиот циклус на подготовки. Првиот собир на сениорската репрезентација ќе се одржи на 31. август“, објави МКФ на својата официјална интернет страница.

Токму, подготовките претставуваа проблем за Давитков да остане на чело на репрезентацијата. МКФ планираше 40-дневни подготовки, на што не можеше да одговори селекторот поради клупскиот ангажман во Ал-Кадсија.

Македонските кошаркарки, во септември, ќе одиграат два натпревари, против Косово на гости на 13. и три дена подоцна против Романија на домашен терен.


Skopje ID
[fbcomments]