Град Скопје сака да гради адреналинска жичница на Кале


Адреналинска жичница во должина од 400 метри, на потегот од Музејот на современа уметност до Градскиот парк, би се градела во Скопје.

zipline-adrenalinska-zicnica-zicara

Градската администрација планира да објави тендер за нејзина изградба во текот на претстојната пролет, а за неа е предвидено да се потрошат од 2 до 3 милиони денари. Од Градот Скопје сметаат дека со овој проект ќе ја зголемат туристичката и рекреативна понуда на главниот град. Скопските власти ја разгледуваат можноста и за изведба на уште една ваква адреналинска жичница кај кањонот Матка.

 

И додека се планира нова адреналинска жичница во Скопје, владата и градските власти се мислат да ја прекинат изградбата на втората фаза од жичницата на Водно. Овој проект вреден 6,1 милион евра требаше да се гради на потегот од Средно Водно до Институтот за белодробни заболувања во населбата Козле. Од владата немаат донесено конечна одлука дали ќе ја поддржат реализацијата на овој проект, но на крајот од февруари годинава донесоа одлука за да се определи целисходноста на проектот од страна на Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање и Градот Скопје. За овој проект беше изработен основен проект од реномираната австриска фирма „Допелмаер“.


Skopje ID
[fbcomments]