Град Скопје продолжува со субвенционирање на чистењето оџаци

Градот Скопје продолжува со доделување субвенции за чистење на оџаците, со цел намалување на за

За таа цел Град Скопје го објави Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти  на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2019 година.

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2019 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2019 година.

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека критериумите за учество се исполнети, барателот до Градот Скопје треба да ги достави следните документи:

– Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk);

– Доказ за жителство во град Скопје: Фотокопија од лична карта или пасош;

-Фотокопија од трансакциска сметка / жиро-сметка;

– Доказ за правен субјект: Тековна состојба не постара од 6 месеци;

-Оригинал потврда за реализирано чистење на оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот, и

– Оригинал фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење на оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности).

Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје бул. Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 08:30 до 15 часот.

Повеќе информации за јавниот повик можете да добиете на следната интернет врска –

www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Јавен повик – Оџаци-2019.pdf


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »