Голем интернационален успех на Владимир Четкар со третиот студиски албум

Пи-Вајн (P-Vine), една од најпопуларните јапонски музички куќи со светско реноме која е прочуена по квалитетот на своите изданија низ аудофилите ширум светот оваа недела го издаде новиот студиски албум на Владимир Четкар насловен како ‘Going Home’ (http://p-vine.jp/music/pcd-24809 ). Вистински раритет е што албумот кој е дистрибуиран насекаде во Јапонија е фаворит број еден во најголемите музички продавници во центарот на Токио (Шинџуку и Шибуја) и е претставен во секцијата на интернационални прекуокеански артисти рамо до рамо со некој од најкомерцијалните музички ѕвезди како Ариана Гранде и Џастин Бибер. Овие изминати неколку недели музиката на Четкар ужива огромен респект од јапонските медиуми и активна радио подршка од сите поголеми национални и локални радио станици. Масахару Јошиока кој е еден од квинтесенцијалните јапонски музички критичари за новиот албум на Четкар изјави дека е ‘неверојатно ремек делo’. Албумот ‘Going Home’ е комплетно авторско дело на Четкар каде како и во предходните два албума ‘Heavenly’ и ‘We Will Never End’ и тука се потпиша како продуцент, композитор, аранжер, оркестратор, гитарист, вокалист и текстописец.

Skopje ID
[fbcomments]
Translate »