Големиот Роналдо оставил 20.000 евра бакшиш на персонал во хотело во Грција

Фудбалската ѕвезда на Јувентус, Кристијано Рналдо заедно со неговото семејство првиот дел од одморот го помина на југот на Грција, во луксузниот хотел „ Вестин Соста Наварино“.

Изнајмувањето на претседателскиот апартман за еден ден фудбалерот го чинеше 9.000 евра.

„Кристијано Роналдо бил задоволен со услугата и на персоналот на хотелот, кој неговиот одмор го направил совршен, а кој не им допуштил на папараците да бидат ниту блиску до нив, па како благодарност им дал бакшиш од 20.000 евра“ пишува шпански „АС“.

Португалецот одморот го продолжи на француската ривиера, во Сент Тропе.

Наскоро Роналдо ќе мора да се врати во Торино затоа што екипата тргнува на летна турнеја.

Првиот меч на италијанскиот шампион е на 21 јули во Сингапур против Тотенхем, а ти дена подоцна во Нанјинг, Јуве игра против Интер.

Уште еден пријателски меч Јувентус игра на 10 август, во Стокхолм, против Атлетико Мадрид.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »