Гламур и стотина гости на роденденот на Нејмар


Фудбалската ѕвезда Нејмар на 5 февруари наполни 26 години, а роденденска забава направи еден ден претходно, во Париз.
Забавата се опишува како чист гламур, на која гостите требало да следат код на дотерување – мажите морало да дојдат во смокинг со црни пеперушки, а дамите во долги фустани.

nejmar(6)

Роденденот го прославил во друштво на стотина гости, меѓу кои биле дел од неговите соиграчи со своите партнерки во гламурозно издание, како што и се барало од нив. „Дејли мејл“ коментира дека гостите биле добро расположени.

Бразилецот е фотографиран како пристигнува на својата забава во престижниот Павилјон Камбон во центарот на Париз.
Во негова придружба била Бруна Маркезин, актерка и манекенка со која Нејмар ја обнови врската кон крајот на минатата година. Нејмар и Бруна се запознаа пред шест години, на карневалот во Рио во 2012 година. Во новава година одлучиле да ѝ дадат нова шанса на својата врска.

Наводно, на роденденската забава на Нејмар присуствувале и педесет Бразилци и членовите на неговото семејство, за чиј авионски превоз и сместување за викенд во Градот на Светлината, платил лично фудбалерот.

05.02nejm1
Меѓу присутните на роденденот на Нејмар биле и познати телевизиски лица, играчи на покер и натпреварувачи во бразилскиот „Голем брат“.

Нејмар со сигурност може да си дозволи ваква луксузна роденденска забава, со оглед на тоа што летоска беше купен за 222 милиони евра и оттогаш е најскапиот фудбалер во историјата.

Познат по неговиот дриблинг и способност со двете нозе, Нејмар ја доби споредбата со поранешната бразилска легенда Пеле. На теренот тој е рангиран меѓу најистакнатите спортисти во светот. „Спортспро“ го прогласи за најпрочуен спортист во светот во 2012 и 2013 година, а ЕСПН го нарече четврти најпознат светски спортист во 2016 година.


Skopje ID
[fbcomments]