Габриел Жесус останува во Манчестер сити


Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус договорил нова петгодишна соработка до актуелниот шампион на Англија, Манчестер сити.

s3-news-tmp-111981-man_city_1--2x1--640

Младиот 21-годишен фудбалер со овој договор е награден за одличните игри во минатата сезона, во која постигна 17 гола.

zezus3888

Жесус за 18 месеци, колку што е дел од тимот на Сити, во целост ги оправдал очекувањата на менаџерот Пеп Гвардиола, поради што и му било понудено да го продолжи договорот.

Сепак, Жесус добрата сезона во клубот не успеа да ја пренесе и во репрезентацијата. На Светското првенство во Русија беше прв напаѓач кај селекторот Тите, ги одигра сите пет меча и не успеа да постигне гол.


Skopje ID
[fbcomments]