Време е за црн агент 007: Ова е новиот Џемс Бонд!


Познатиот агент 007 повторно ќе биде Даниел Крег, а во следниот филм,според најавите, може да биде наследен од актерот Идрис Елба, пишува британски Metro.Продуцент на познатиот филм за агентот 007, Барбара Броколи, рекла дека таа е отворено за промени, кога станува збор за главниот актер.

Dejli star додава дека продуцентката Броколи зборувала со режисер Антоан Фуква, за тоа улогата да му се довери на актер кој не „бел”.
Се наведува дека таа наводно му рекла на режисерот дека „време е” лице со потемен тен да ја добие улогата. Таа додала дека улогата наскоро би можела да му биде доверена на некој од „етничкото малцинство”.

“Идрис може да го направи тоа, ако е во форма”, открила таа.
“Потребен ни е дечко кој е физички силен, Идрис е”, додала Броколи.
Елба е збунет поради гласини и инсистирал на тоа продуцентите прво нему да му се обратат и дека сè ќе зависи од “волјата на народот”. Сепак,веќе се слуша дека улогата не му е доверена, бидејќи тој е вистинскиот актер за неа,туку затоа што е црн.



Skopje ID
[fbcomments]