Во Дубаи отворен највисокиот хотел во светот


Хотелот „Гевора“ во големата Авенија Шеик Зајед, за еден метар е повисок од досега највисокиот хотел, кој се наоѓа на истата улица.

img-377420

Тој претходен хотел-рекордер во ова категорија, висок 355 метри, од синџирот на хотели „Мериот“, и сам го срушил рекордот по висина, кој го држел вториот хотел.

Тоа е хотелот „Rose Rayhaan“, висок „само“ 333 метри.

Најновиот хотел „Гевора“ е кула со златна боја и 75 катови. Има четири ресторани, базен, луксузен спа центрар и спортска сала. Првите гости денеска пристигнале во него.

Дубаи ја има и највисоката кула на светот, „Бурџ Халифа“, чија висина изнесува 838 метри. Властите започнале со изградба на нова, уште повисока кула чија висина ја држат во тајност, за да не ги престигне конкуренцијата.

Дубаи е една од главните туристички атракции во Емиратите, а во 2017 година имал рекорден број од 15.8 милиони туристи, што е за 6.2 отсто повеќе во однос на 2016 година.


Skopje ID
[fbcomments]