Во Версај ќе се гради луксузен хотел


mkd-210331Во некогашниот дом на кралевите на Франција во дворецот Версај се планира да се гради луксузен хотел со цел за да се подобри финансиската состојба на музејот, пренесуваат француските медиуми.
Менаџментот на дворецот распишал тендер за изградба на хотел во три згради, Гран контрол, Пети контрол и Павилјон што потекнуваат од 1680 и се наоѓаат надвор од капијата на познатиот парк на дворецот Версај, со поглед на некои од неговите најпознати згради, пишува Журнал ду диманше.

Се проценува дека ќе бидат потребни меѓу четири и седум милиони евра за реновирање на зградите и за изградбата на хотелот во нивната внатрешност.

Во 17 век кралот Луј 14 го преуредил Версај и од обичен ловџиски дом го претворил во раскошен дворец со огромни паркови.

Тендерот за 60-годишната концесија ќе трае до 14 септември.


SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »