Сопругата на принцот Вилијам пет месеци му се посвети на семејството по раѓањето на третото дете, а денеска го означи крајот на породилното отсуство со посета на рекреативна област.
36-годишната припадничка на британското кралско семејство се дружеше со мали дечиња во „Sayers Croft“, центар за активности во природа кои го подобруваат менталното здравје и напредокот на најмладите.
Кетрин доби искрени прегратки и насмевки од дечињата. Нејзиниот лежерен стајлинг вклучуваше модел на чизми кои таа ги поседува 14 години.