Возот од Скопје за Солун ќе тргне на 15 јуни

Железници на РСМ Транспорт информираат дека од 15 јуни се воведува тарифска понуда City Star за повратно патување на релација Скопје-Солун-Скопје.

Во објавата на веб страницата на железничкото претпријатие е наведено дека цена на чинење на возниот билетот е во зависност од бројот на патници кои патуваат заедно, но најмногу пет возрасни лица и едно дете.Билетите може да се извадат на патничка благајна во станица Скопје и на патничка благајна во станица Солун.

Ако групата ја сочинуваат пет возрасни патници, билетот за еден патник ќе изнесува 13,5 евра или 836 денари. Во случај кога групата ја сочинуваат пет возрасни патници и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 12,20 евра или 756 денари, информираат од МЖ Транспорт.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »