Водовод со најава за прекин на водоснабдување во населба Аеродром


Од Водовод и канализација-Скопје известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок утре без вода ќе бидат жителите на ул.1615 во населба Аеродром.

mkd-334717

„Ве известуваме дека на ден 22 декември поради изведување на водоводен приклучок од Ф-150мм на ул.1615 бр.4 (Новопроектирана) во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.1615 од 9 часот до санирање на дефектот“, соопштија денес од ЈП Водовод и канализација-Скопје .

За сите дополнителни информации граѓаните можат да се информираат на телефонскиот број 023073010.


Skopje ID
[fbcomments]