Водовод со најава за прекин на водоснабдувањето во Крњево и Ќерамидница


Од Водовод и канализација-Скопје известуваат дека поради промена на затворач ф-600мм, на Кеј Димитар Влахов бб, утре без вода ќе бидат жителите на дел од населбите Крњево и Ќерамидница.

mkd-362047

„Ве известуваме дека на ден 13 февруари поради промена на затворач ф-600мм, на Кеј Димитар Влахов бб (на паркинг пред МТВ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од МТВ, дел од Крњево, дел од Ќерамидница и бензинска пумпа Макпетрол, од 8.30 часот до санирање на дефектот“, соопштија денес од ЈП Водовод и канализација-Скопје.

За сите дополнителни информации граѓаните можат да се информираат на телефонскиот број 023073010.


Skopje ID
[fbcomments]