Влатко Стефановски трио на фестивалот All You Need Is Love 2018


Драги пријатели,
За да најгoлемата предновогодишна фешта биде што е можно поголема, се одлучивме пред настапот на хедлајнерот на фестивалот All You Need Is Love, GIBONNI, со свој целовечерен настап да го имаме и најголемиот балкански гитарист на сите времиња, Влатко Стефановски заедно со своето трио.

_Pa-IgsQ

Се разбира дека Влатко ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со Gibonni, но нашата заедничка желба беше истата вечер да уживате и со целовечерен настап на живата легенда Влатко Стефановски со неговиот бенд.
Како што веќе информиравме, влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда на 31-ви октомври, онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и во Југотон, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 700 денари
ФАН ПИТ- 1000 денари
SILVER SEATS- 1000 денари
GOLDEN SEATS- 1200 денари
ВИП- 2000 денари

Во текот на наредната недела ќе бидат соопштени и уште две имиња коишто се многу битни кога се во прашање младите сили на македонскиот рокенрол што ќе ја отворат фестивалската вечер, пред да настапат ѕвездите на вечерта, Влатко Стефановски и Gibonni на овој предновогодишен настан.

Авалон Продукција


Skopje ID
[fbcomments]