Владата ќе организира пречек на Вардар низ Триумфалната порта!?

Владиниот протокол веќе е во комуникација со тимот на Самсоненко, околу деталите за пречекот на европските ракометни шампиони од Вардар, дознаваме од извори во владиниот протокол. Тимот на Вардар побарал владата да организира чартер лет Келн-Скопје, како и да се обезбеди превоз со двокатните автобуси на ЈСП од аеродромот до “Порта Македонија“. Авион со чартер лет до Скопје чини околу 12.000 евра. Премиерот Заев вчера му дал налог и на градоначалникот на Скопје да го следи примерот од 2017-та кога градот Скопје организираше величенствен пречек на шампионите.

За само три години РК “Вардар“ освои две шампионски титули во европскиот ракомет, што само по себе е пишување на една извонредна спортска историја за цела Македонија, но и за самиот европски ракомет. Победата на Вардар силно одекна во целата европска јавност, а особено во земјите каде ракометот е популарен, како што се Германија, Хрватска, Србија, Данска, Полска, Франција и други држави.

Вардарци побарале на плоштадот “Македонија“ да се постави бина на која пред насобраните поддржувачи би го подигнале европскиот златен трофеј. На градскиот плоштад, зависно од тоа во колку часот би се пристигнало со чартер летот, се очекува да се случи масовен собир на љубителите на македонскиот спорт, бидејќи сите се свесни за извонредниот подвиг на ракометниот клуб Вардар, а и вчерашната вечет покажа колку тоа И значи на целата нација. Според извори од протоколот, пред насобраните граѓани на свечениот пречек би се обратиле капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, како и финансискиот покровител Сергеј Самсоненко. Во комуникацијата на државниот протокол со управата на ракометниот шампион било заклучено дека обраќање на државни функционери пред навивачите на Вардар не би било препорачливо. 


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »