Владата го заштити Националниот парк „Галичица“


Во согласност со издадените препораки од УНЕСКО, македонската влада на вчерашната седница одлучи да ја прекине постапката за измена на Планот за управување со Националниот парк „Галичица“. Како што информираат од владината прес – служба, со овој владин потег ќе бидат исполнети барањата на УНЕСКО, со што Охрид и Охридското езеро ќе останат заштитено светско наследство на листата на УНЕСКО. Со оваа одлука на владата целосно ќе се сопре изградбата на скијачкиот центар на Галичица, новиот експресен пат од Охрид до Свети Наум и трите планирани туристичко – развојни зони кај селата Љубаниште, Отешево и Стење.

Stenje_od_Galicica

Предложените измени на Планот за управување на Националниот парк „Галичица“ беа воведени од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Накратко разјаснето, со измените се планираше да се изврши нова категоризација на зоните за заштита, со што би се овозможило на инвеститорите да градат во заштитениот појас со богат и редок биодиверзитет. Дел од овие градителските проекти влегуваа во зоната за активно управување, но се наоѓаа и во непосредна близина на зоната за строга заштита. Проценките на еколозите и на невладините организации беа дека планираните проекти на претходната влада би можеле да уништат 1.196 хектари од Националниот парк „Галичица“.


Skopje ID
[fbcomments]