ВКУПНО 62 ЛУЃЕ ПОСЕДУВААТ БОГАТСТВО КОЛКУ ПОЛОВИНА ОД СВЕТСКАТА ПОПУЛАЦИЈА

Големиот и растечки јаз меѓу богатите и сиромашните се најде во новиот извештај на британската хуманитарна организација „Оксфам“, кој покажува дека вкупно 62 од најбогатите луѓе поседуваат колку посиромашната половина од светската популација.

Од организацијата алармираат да се преземат итни мерки со цел да се спречи трендот со кој се предвидува дека еден отсто од најбогатите луѓе ќе поседуваат повеќе од останатите 99 отсто од населението.

Според Марк Голдинг, извршниот директор на „Оксфам“ во Велика Британија, светските лидери не се грижат дали сите ќе добијат подеднакво од економскиот раст.

„Едноставно е неприфатливо половина од најсиромашната светска популација да има пари колку мала група на богати луѓе. Толку мала што може да ги тренира еден тренер“, изјави Голдинг.

Тој вели дека овие податоци се особено поразителни и поради фактот дека во светот девет од десет луѓе навечер заспиваат гладни.

„Оксфам“ соопшти дека богатството на најсиромашните 50 отсто се намалило за 41 отсто помеѓу 2010 и 2015 година, и покрај растот на глобалната популација од 400 милиони луѓе. Во исто време, богатството на најбогатите 62 луѓе се зголемило од 500 милијарди долари на 1.76 трилиони

5184-702x336


SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »