ВИДЕО: Тотенхем ги загуби Кејн и Али во победата кај Борнмут


Англискиот премиерлигаш Тотенхем остана во игра за пласман во Лигата на шампионите откако на гостувањето кај Борнмут (1-4), но остана без двајцата најдобри играчи кои се повредија.

 

„Петлите“ од Лондон беа сигурни на незгодното гостување, но главоболки на Покетино му направија повредите на Хари Кејн, а потоа и на Деле Али. Првиот ја напушти играта во 34. минута и се претпоставува дека е повреда на зглобот, додека Али настрада пред финишот и го напушти теренот потскокнувајќи во 85. минута.

Што се однесува до погодоците, домашните први поведоа во 7. минута од мечот со гол на Станислас, но само го налутија Тотенхем. Гостинот изедначи во 35. минута со погодок на Али, за потоа, Сон да ја стресе мрежата на Борнмут вторпат и во 62. минута да донесе пресврт. Точка на триумфот стави Сон, со својот втор гол, во 87. минута. Погодок постигна и Орие, во 91. минута од мечот.

Тотенхем е на третото место во Премиер лигата со 61 бод, четири помалку од второпласираниот Манчестер Јунајтед. Борнмут, пак, четири кола е без победа и е на 12. позиција.


Skopje ID
[fbcomments]