Вечното англиско дерби се игра од 1894 година, но ова никогаш не се случило


Во 124-годишната историја на дуелите меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед никогаш не се случило „црвените“ да се фаворити според обложувачниците како што е тоа случај пред утрешниот.

derbi

Натпреварот се игра на Енфилд, Ливерпул е прв на табелата, но никој не очекуваше дека најтрофејниот англиски клуб ќе биде толку потценет. Квота на домаќините изнесува 1,55, за „нула“ е 4,1, а за победа на Јунајтед неверојатни 6.

Но, букмејкерите забораваат една работа, а тоа е дека Мурињо е најопасен кога е потценет. Така беше против Манчестер Сити во финишот од минатата сезона, а така било и многу пати во неговата кариера.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »