Венгер подготви понуда за дефанзивецот на Јувентус


Тимот на Лондон за следната сезона во своите редови го сака фудбалерот на „Старата дама“.

Арсенал подготвува понуда за Даниеле Ругани.

Арсен Венгер е фан на 23-годишниот фудбалер, сака да го види во својот тим следната сезона и веќе подготвил понуда за него.

Ругани не игра толку често во Јувентус, но далеку од тоа дека не добива шанса. Оваа сезона настапи 16 пати, постигна и еден гол како и една асистенција.

Овој стопер во Арсенал, од друга страна, би добил далеку поголем простор за игра, можеби дури и шанса да заигра во стартниот тим и да биде стандарден првотимец на клубот од „Емирати“.

Ругани има договор со Јувентус до јуни 2021. година, а покрај Арсенал, за него е заинтересиран и Наполи.


Skopje ID
[fbcomments]