Вардар – Пелистер ќе се игра во ноќен термин!


Големите македонски фудбалски ривали Вардар и Пелистер својот дерби-дуел во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе го играат под рефлектори, одлучено е на денешниот состанок меѓу Вардар и Министерството за внатрешни работи (МВР).

macedonia_derby_1

Вардар и Пелистер беа за дербито да се игра во терминот од 18.00 часот, но МВР сугерира по секоја цена истото да се игра од 13.00 часот. Поради несогласувањата, Вардар седна на маса со претставници од МВР и договорено е дерби-дуелот да се игра во претходно закажаниот термин, односно од 18.00 часот.

Дуелот на „Филип Втори“ Арената ќе има посебно значење за ФК Вардар, кој слави 70 години постоење, но и навивачката група „Комити“, која најави спектакл за својот 30. роденден. Мечот ќе го суди најдобриот македонски судија Александар Ставрев.


Skopje ID

Коментирај