Буфон оди во пензија по крајот на сезоната, би можел да се предомисли само под еден услов


Кориере дела Сера пренесува дека Џиџи Буфон решил да замине во пензија по крајот на сезоната, легендарниот голман сепак би можел да ја продолжи кариерата за неколку месеци при евентуален триумф во Лигата на шампионите.

t7x8k-bufon-penzija

За иднината на 40 годишниот голман се пишува со месеци, а денешното издание на Кориере дела Сера вели дека одлуката е донесена: Буфон кажува збогум по крајот на сезоната.

Весникот од Милано пишува дека соопштението треба да пристигне во скоро време, а Џиџи одлуката ја донел заедно со претседателот на Јувентус, Андре Ањели. Легендарниот голман нема да се предомисли ниту доколку биде освоено седмо Скудето во низа.

Сепак, неговата кариера би можела да биде продолжена за неколку месеци доколку „Старата Дама“ триумфира во Лигата на шампионите, за капитенот да настапи на Светското клупско натпреварување.

Привремениот селекторот на Италија, Ди Бјаџо најви дека ќе го повика Џиџи Буфон за пријателските натпревари овој месец но на голманот не му се допаднале ваквите изјави бидеќи тој не сака да им го зема местото на помладите колеги од репрезентацијата.


Skopje ID
[fbcomments]