Бијонсе на насловната на септемвриски Vogue


Септемврискиот број на Vogue се смета за најзначајниот во годината, доаѓа во најголем број на страници и огласи, прави обемен преглед на новата модна сезона, а важно е и кој е на насловната. Новиот септемвриски број е посветен на Бијонсе, таа се јавува не само како лице од насловната, туку и како гостин-уредник на изданието.

beyonce-vogue-4

Покрај фотосесијата направена со младиот 23-годишен фотограф Тајлер Мичел, кого сама го одбра, Бијонсе во големото интервју отркива многу искрени моменти од нејзиниот приватен живот и  отворено зборува за неверството на сопругот, раѓањето на близнаците, својата тежина и изгледот, за разочарувањата во бракот и како дознала дека потекнува од робовладетел. Интервјуто може да го прочитате на Vogue.com, а еве ја и фотосесијата. Бијонсе за снимањето избра афроамерикански тим, иако е поразително да се нагласи дека во 125-годишната историја на Vogue, за прв пат афроамериканец ја фотографира насловната страница.

beyonce vogue (2)

beyonce vogue (5)

beyonce vogue (6)

beyonce vogue (1)

 


Skopje ID
[fbcomments]