Билетите за првата конференција за е-трговија достапни по Early-bird


Во пресрет на првата конференција за е-трговија во Македонија, која ќе се одржи на 26 октомври во Хотел Мериот во Скопје, организаторите ги пуштија во продажба првите 100 билети за настанот, по посебна (Early Bird) цена.

 

Билетите можат да се купат на официјалниот сајт на конференцијата – www.ecommerceconference.mk – со кредитна картичка, или пак преку нарачка и плаќање преку фактура. Цената на промотивните Early Bird билети е 4,244 денари и важи до 25 септември или до трошење на предвидената количина, по што ќе бидат објавени билети по регуларна цена.

 

На конференцијата, чија тема е „e-Трговија: е-Иднина за е-Македонија!” ќе се разговара за развојот, видовите на плаќања, начини на достава, а ќе се споделат и маркетинг искуства за тоа што функционира во е-трговијата на локално и глобално ниво. Повеќе од 20 домашни и интернационални говорници ќе ги споделат своите искуства и ќе дебатираат на внимателно одбрани панел дискусии за предизвиците со кои што се соочуваат е-трговците во Македонија и можни решенија за истите. Листата на говорници постепено се открива на јавноста, а истата е достапна на следниот линк.

EarlyBird-ticket

Конференција е наменета за претприемачи и основачи на компании, економисти, маркетери, претставници од средниот и топ менаџмент и институции од поширокиот екосистем на е-трговијата, при што тие ќе имаат можност да научат за постојниот и иден развој на е-трговијата, како и да слушнат практични совети за оптимизирање на нивното онлајн присуство и подобрување на ефективноста на нивните бизниси.
Конференцијата е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, која се стреми кон инклузивна е-трговија.


SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]