Бајага и Инструктори ја отворија третата вечер на фестивалот Егзит


Третиот ден од овогодинешниот Егзит фестивал ќе го одбележат настапите на Грејс Џоунс, како и новата светска сензација, Офенбах. Пред сите нив, на Главната сцена излезе и настапи еден од најголемите поп рок бендови на овие простори, Бајага и Инструктори.

oLuhb-1553853-ste-6244-ff

Со оглед на тоа дека на Момчило и неговата екипа ова им е прв настап на Егизт, за што се чекало 18 години, очекувањата беа големи. И додека на почетокот на коцертот, бендот ја хранеше публиката со емоции, Бајага ја загреа атмосферата на завидно ниво. Концертот започна со нумерата “442 до Београда”. Следувале овации од публиката.

“Добро вечер Егзит, добро вечер Нови Сад. Задоволството ми е големо што конечно сум овде”, рекол Момчило на почетокот на концертот, а публиката возврати со аплауз. Следуваше после тоа песната “Са друге стране јастука”.

Познатите хитови се нижеле, додека расположената публика играше и се забавуваше во поп рок звуците.

“Нас воопшто нè не интересираат годините што поминуваат”, со овие зборови го најавија најголемиот хит “Године пролазе”.


Skopje ID
[fbcomments]